Чилеанската ТВ открива: Видал пред преселба во Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Милан направил голем чекор кон доведување на фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал, пренесува националната ТВ станица во Чиле.

Телевизијата открива дека „Росоњерите“ понудиле голема сума на пари за играчот од средниот ред и се спремни да му дадат дупла поголема плата.

Порталот Калчомеркато исто пред некој ден најави дека Милан го сака поранешниот играч на Јувентус, за да го комплетира врвниот среден ред кој го започна со доведувањето на Кеси и Биглиа.

Останува да видиме дали Германскиот шампион ќе се реши да го пушти Артуро Видал или ќе го задржи во своите редови.