Хоселу се пресели во Њукасл


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хоселу го комплетираше трансферот во Њукасл од редовите на Стоук. Шпанецот беше голема желба на неговиот сонародник на клупата на „Страчките“, Рафа Бенитез.

27 годишниот шпански интернационалец со Њукасл потпиша тригодишен договор, а сумата на трансферот изнесува пет милиони фунти.

„Среќен сум затоа што потпишав со толку голем клуб. Возбуден сум што ќе бидам дел од овој клуб. Со нетрпение очекувам да ги запознам моите нови соиграчи, градот, тренинг центарот, стадионот и сите фанови“- коментираше Хоселу по потпишувањето на договорот со тимот од „Сент Џејмс Парк“.