Трансферот на Матуиди во Јувентус е готов, играчот денеска на медицински прегледи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Во денешниот фудбалски свет во кој се плаќаат вртоглави суми за трансфери на играчи, повторно доаѓа Јувентус да им ја расипе забавата на останатите европски гиганти. Торинскиот клуб го потпишува играчот од средниот ред на ПСЖ, Блејз Матуиди.

 

Трансферот ќе биде официјализиран откако играчот ќе ги помине медицинските прегледи, кои се закажани за подоцна во денешниот ден.

Висината на трансферот е “смешни” 20 милиони евра + бонуси кои ќе зависат од конечниот пласман на Јувентус во новата сезона. Матуди ќе потпише тригодишен договор со тимот од Торино и ќе биде големо засилување за ланскиот финалист во Лигата на Шампионите.

Спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота, уште еднаш покажа дека е чекор пред другите со тоа што брзо реагираше на гласините дека ПСЖ ќе треба да се ослободи од играч од средината за да го донесе бразилецот Фабињо (Монако) во своите редови.

 

Блејз Матуиди е 30-годишен играч од средниот ред и примарно ги извршува дефанзивните задачи. Тој е и стандарден репрезентативец на Франција и досега има забележано 58 настапи и притоа постигнато 8 гола.