Тотенхем силно заинтересиран за играч на Ајакс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Тотенхем остана единствениот клуб од Премиер Лигата кој летово не потроши ниту фунта на донесување на нови играчи. Но, како што стојат работите тоа би можело да се промени до крајот на неделата.

 

Лондонскиот тим е силно заинтересиран за стоперот на Ајакс, Девинсон Санчез и се спремни да одвојат околу 40 милиони фунти за да го осигураат неговиот потпис.

Девинсон Санчез е 21-годишен колумбиски стопер за кого покрај Тотенхем, се заинтересирани и Барселона, Челзи и Реал Мадрид. Сепак, играчот преферира трансфер во Тотенхем и деновиве беше гласен во своите барања да си замине од Амстердам.

 

Ајакс претходно одби понуда од 35 милиони од Тотенхем за Санчез а моменталната понуда која е на маса изнесува 27 милиони фунти кои ќе бидат исплатени веднаш и останати 13 милиони кои ќе бидат исплатени во наредните 12 месеци.