Смолинг има само пофални зборови за Немања Матиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Српскиот интернационалец, Немања Матиќ, кој командува со средината од теренот, оваа лето му се приклучи на Манчестер Јунајтед од Лондонскиот Челзи, за сума од 40 милиони фунти.  Иако на изненадување на сите, фудбалерот го остави англискиот шампион и му се приклучи на тимот на Мурињо. Додуша, „Специјалниот“ беше човекот кој го доведе во Челзи, но сепак ретки се трансферите од Челзи во Јунајтед и обратно.

Немања Матиќ запиша веќе неколку официјални натпревари за новиот тим, а сите во клубот се воодушевени од неговите партии, па дури и дефанзивниот играч на „Црвените Ѓаволи“, Крис Смолинг.

„Навистина, го имав гледано од трибини и имав играно против него, знаев дека е добар фудбалер, но сега кога тренираме заедно сфатив дека тој е многу квалитетен играч“ – изјави Смолинг.

„Неговиот осет за игра и пас преку целиот терен се речиси неверојатни. Исто така тој е во своите идеални години, а тоа што ни се приклучи од врвен Премиер Лигашки клуб многу ќе ни помогне нас, бидејќи не мора да се навикнува на Премиер Лигата.“ – заврши Крис.