Тајшон Принс добива место во управата на Гризлис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Посветениот ветеран Тајшон Принс ја заврши играчката кариера во тимот на Мемфис Гризлис, но изгледа дека врската со клубот беше посилна од пензијата па затоа раководството му понуди место во управниот одбор на Мемфис.

 

Имено, Принс добил понуда да биде асистент на генералниот менаџер на тимот, Крис Волис. Се очекува тој да ја прифати понудата и веќе од наредната недела да биде дел од одлуките за скаутирање и носење нови играчи во тимот на Мемфис Гризлис.

 

Тајшон Принс играше во Мемфис од 2013 до 2015 година, за кое време имаше учинок од 7 поени и 3.4 скокови по натпревар.

Тимот на Мемфис влегува во новата сезона значително ослабнат, земајќи во предвид дека тимот го напуштија Зек Рендолф, Винс Картер и Тони Ален.