„Се плашам дека Јувентус ќе ја освои титулата во декември“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Торино Синиша Михајловиќ зборуваше за италијанските медиуми за новата сезона во Серија А.

Популарниот Миха порача дека целта неговиот клуб е да избори Европа во една од наредните две сезони, а како главен кандидат за титулата ја гледа екипата на градскиот ривал – Јувентус.

Михајловиќ стравува дека ова може да биде најнеитересната сезона во Серија А, бидејќи Јуве навистина изгледа пресилно.

„Тие преодниот рок го одработија импресивно. Може да победат 36 од 38 натпревари во лигата – освен тие два против нас“, рече Михајловиќ, и додаде:

„Се плашам дека Јувентус ќе ја освои титулата веќе во декември. Тие се клуб кој претставува пример за сите останати во Италија, а нивните резултати тоа го потврдуваат“.