Барселона блиску до два трансфери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По разочарувачките два натпревари против Реал Мадрид во Супер купот на Шпанија, од Барселона се обидоа да ја намалат разочараноста кај своите фанови.

Имено, спортскиот менаџер на клубот, Пеп Секуера истакна дека се блиску до трансфер на Фелипе Кутињо и Осман Дембеле.

Во изјава по натпреварот со Реал Мадрид, Секуера за ТВ3 изјави: „Блиску сме до Кутињо и Дембеле. Ние преговараме за нивните услови, но се уште не знаеме кога ќе бидат комплетирани. Се надеваме дека и двајцата ќе бидат фудбалери на Барселона оваа сезона“.

Барселона е во потрага по замена за Нејмар кој направи рекорден трансфер и за 222 милиони евра се пресели во редовите на ПСЖ.