Двејн Вејд ќе си го откупи договорот со Чикаго Булс за да стане слободен играч?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Според последните информации кои доаѓаат од САД, Двејн Вејд нема да го дочека крајот на својот договор во тимот на Чикаго Булс.

 

Неколку новинари на ESPN ја пријавија информацијата дека се очекува Двејн Вејд да си го откупи договорот (од кој има останато уште една година) во наредните неколку месеци. Тоа се очекува да се случи до почетокот на наредната сезона или најдоцна до крајот на календарската година.

Ваквата одлука воопшто не е неочекувана ако се земе во предвид дека Вејд е моментално најплатениот играч во тимот на Чикаго Булс а целта на двете страни (Вејд и Булси) се тотално различни. Булси оваа година ја посветија на целосно реформирање на тимот откако го трејдуваа Џими Батлер во Минесота и не го продолжија договорот на Ражон Рондо. Вејд пак, сака да одигра уште 1-2 сезони во конкурент со кој ќе се бори за титулата во НБА лигата.

 

Откупувањето на договорот ќе му даде на Вејд шанса да одбере каде ќе ја продолжи кариерата, а на Булси пак ќе им донесе многу повеќе слободно место во селари кеп-от.