Напредок во Кливленд, Леброн и Ирвинг се сретнале викендов


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Можеби Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг повеќе не се најдобри пријатели но ситуацијата помеѓу двајцата сепак постигнува каков-таков напредок.

 

Имено, двајцата се сретнале за време на викендот и поминале неколку часа заедно. Според тврдењата на неколку извори, ситуацијата воопшто не била напната како што се очекувало и немало никаква тензија од страна на Ирвинг према Џејмс, а ни обратно.

Што се однесува до содржината на разговорот, изворите не беа спремни да го откријат тој дел од ситуацијата. Единствено што се знае е дека дел од разговорот не бил потенцијалниот трејд на Кајри Ирвинг надвор од Кливленд.

 

Како и да е, добро е да се знае дека и покрај моменталната ситуација во тимот Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг остануваат присебни и се спремни да ги поминат пречките за да остварат некаква комуникација.

Да потсетиме само дека Кајри Ирвинг побара трејд надвор од тимот на Кливленд затоа што не сакал повеќе да биде третиран како “помошник” на Леброн Џејмс, туку сака да биде третиран како главна ѕвезда на некој тим.