Стадионот е речиси распродаден: „Комитите“ се спремни за пеколна атмосфера вечерва на „Филип Втори“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

После многуте проблеми кои се појавија во Вардаровото семејство, шпекулациите дека Самсоненко ќе си замине на крајот од сезоната, заминувањето на Гоце Седлоски, тренерот кој во последните две години два пати беше шампион со Вардар во домашното првенство, се само дел од многуте проблеми кои испаднаа во јавноста и се поврзани со Вардар во последните неколку дена.

Како и да е фудбалерите, вечерва мора да заборават на проблемите кои се случија во последно време и да одиграат за навивачите кои се секогаш тука за нив.

„Комитите“ најавија без разлика на разултатот и играта, ќе направат атмосфера за паметење.

Чудно е тоа што немаше ниту два часа откако Гоце Селоски си даде оставка или пак беше избркан, како што се шпекулира, а Чеде Јаневски веќе беше во Скопје, за многу брз временски интервал Вардар најде врвен тренер. Дали сето ова беше смислено сценарио, дали требаше билетите да бидат по 3.000 денари, за фановите да најават протест, па да бидат спуштени цените на 300 денари за сите трибини, се прашања кои ќе останат неодговорени, барем не вечерва.

Сите навивачи на Вардар, вечерва од 20:00 Часот, ќе посакаат фудбалерите да заборават на многуте проблеми и да одиграат храбро во Плеј-Оф дуелот, против големиот Турски гигант, Фенербахче, па ако не посака среќата и да го елиминараме. Да го повториме успехот кога Работнички, пред една година го елиминира милионскиот тим на Трабзонспор.