ОФИЦИЈАЛНО: Раул Бобадиља се врати во Менхенгладбах


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Борусија Менхенгладбах доведе во своите редови нова напаѓачка закана, и притоа стар познаник на тимот од Бундес-лигата. Тимот го официјализираше трансферот на Раул Бобадиља.

 

Раул Бобадиља доаѓа на втора авантура во Менхегладбах откако минатите четири години ги помина во тимот на Аугсбург. Парагваецот претходно играше три сезони за Борусија Менхенгладбах од 2009 до 2012, кога во 59 настапи успеа да погоди 8 пати. Потоа Бобадиља играше уште за Јанг Бојс и Базел, пред да направи кам-бек во Бундес-лигата во 2013 година.

 

Миленикот на фановите потпиша двегодишен договор со тимот од Менхенгладбах и се очекува да биде од голема помош откако минатата сезона беше разочарувачка за тимот на Борусија, бидејќи тие завршија на 9-то место на табелата.