Од лошо, полошо за Барселона: Еден месец пауза за Луис Суарез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Како поразот од 5-1  во Шпанскиот Супер Куп да не беше доволно лош за тимот на Барселона, па згора на тоа се придодаде и повредата на Луис Суарез, кој ќе отсуствув од терените  еден месец, велат првите прогнози.

Уругваецот повредата ја заработи вчера на „Сантиаго Бернабеу“ во дуелот против Реал Мадрид од шпанскиот Супер Куп, а прогнозите на лекарите во Барселона се дека тој ќе одсуствува најмалку пет недели.

Фудбалерот ќе го пропушти стартот на сезоната во шпанската Ла Лига, но и нема да може да му помогне на својот национален тим кој игра против Аргентина во кфалификациите за Светското Првенство.