Шкендија со шест парчиња се враќа од Милано


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Шкендија претрпе убедлив пораз од 6:0 од гигантот на европскиот фудбал, Милан.

„Росонерите“ од самиот старт започнаа офанзивно и уште во 13. минута стигнаа до водство со првиот гол на Андре Силва.

Рикардо Монтоливо во 25 минута зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Андре Силва го постигна својот втор гол за убедливо водство од 3:0.

Миланезите продолжија во ист ритам и во вториот дел. Во 67. минута Фабио Борини го постигна својот прв гол во дресот на Милан, а во 69. минута мрежата на Захов ја тресеше и Антонели.

Конечниот резултат го постигна Рикардо Монтоливо во 85 минута од натпреварот.

Јасно беше дека Милан ќе биде преголем залак за избраниците на Ќатип Османи. И покрај резултатот останува да уживаме во убав фудбал за една недела во Скопје.