Ејупи стрелец за Осијек против Австрија Виена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Музафер Ејупи беше стрелец на единствениот погодок на неговиот Осијек кој на домашен терен загуби со 2:1 од Австрија Виена.

Хрватскиот тим прв дојде во водство уште во 15 минута од натпреварот преку нашиот репрезентативец. Ејупи излезе сам пред голманот на гостите и откосо со прецизен удар успеа да го матира и да донесе предност за својот тим.


Само пет минути подоцна Осијек не искористи одлична можност. Капитенот на тимот Борна Баришиќ не искористи удар од белата точка.

Само шест минути подоцна Моншеин го изедначи резултатот, а во 60 минута Холхаузер го постави конечниот резултат.

Покрај Ејупи на теренот во дресот на Осијек се најде и Милован Петровиќ кој ги одигра првите 45. минути.