Куман заинтересиран да го донесе Коста во Евертон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Диего Коста е решен да ја менува средината бидејќи повеќе не сака да игра за Челзи, или поточно за тренерот на Челзи, Антонио Конте.

 

Коста се нема вратено во Лондон уште по крајот на минатата сезона и тој е одлучен да го напушти тимот и да направи трансфер во Атлетико Мадрид. Единствениот проблем тука е што Атлетико има забрана за трансфери која трае до јануари, така што Коста во моментов треба да смисли некоја друга солуција.

И тука на сцена стапува Евертон.

Откако го промовираше Гилфи Сигурдсон како нов играч на Евертон, Роналд Куман беше запрашан од репортер на Sky Sports дали трансферите кои ќе се случат до крајот на летото ќе бидат позајмици или перманентни трансфери, при што холанѓанецот самиот го “издаде” интересот за Диего Коста.

“Ова прашање ми го поставувате заради Диего Коста, нели? Секако дека е убаво да се потпише фудбалер на перманентен трансфер, но ако позајмица е решението за да се донесат играчи од светска класа, тогаш немам ништо против. Без разлика дали се работи за шестмесечна, едногодишна или двегодишна позајмица, сеедно.” – изјави Куман.

 

Ова би било решение кое ќе им одговара на сите засегнати страни: Диего Коста би ја пополнил дупката која остана во нападот на Евертон по заминувањето на Лукаку а притоа тој ќе добие минутажа, и во меѓувреме ќе има клуб во кој ќе игра додека да дојде јануари за да може да го направи посакуваниот трансфер во Атлетико Мадрид.