Кевин Дурент: “Ако Ирвинг сака да оди по својот пат, тоа е негова работа.”


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Кевин Дурент смета дека навивачите на Кливленд Кавалирс треба да “оладат” околу ситуацијата со Кајри Ирвинг.

 

И покрај константните шпекулации околу потенцијалниот трејд на Кајри Ирвинг надвор од Кливленд, Кевин Дурент смета дека со тимот на Кавалирс ќе биде во ред без разлика дали тој трејд ќе се случи или не.

“Ова е само уште еден вообичаен НБА проблем, нели? Многу тимови имаат пројдено преку ваква ситуација порано. Кливленд се голема и успешна организација, тие се победничка организација. Сигурен сум дека ќе најдат начин да го решат овој проблем.” – изјави за ESPN Кевин Дурент.

“Не е крај на светот. Се работи за двајца играчи кои имаат голема почит меѓу себе. Тоа се двајца играчи кои освоија титула заедно. Доколку Кајри (Ирвинг) сака да оди по својот пат, тоа е друга работа. Ама сепак ова е вообичаен НБА проблем, фамата се крева само затоа што се работи за две големи ѕвезди.” – додаде Дурент.

 

Уште во моментите кога излезе информацијата дека Ирвинг сака да биде трејдуван Дурент изјави дека “не го интересира ситуацијата”, така што овој негов одговор не е неочекуван.