Њу Јорк Никс потпиша со талентираниот Хејс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Откако во текот на ова лето тренираше со кампот на Њу Јорк Никс, Најџел Хејс потпиша и траен договор со тимот од Медисон Сквер Гарден.

 

Пред неколку години Најџел Хејс беше еден од најатрактивните кошаркарски таленти во САД и медиумите поставуваа огромни очекувања за него. Но, неколку повреди подоцна и тој остана недрафтуван на овогодинешниот драфт.

Сепак, тимот на Њу Јорк Никс реши да ризикува и да му понуди едногодишен договор со можност договорот да се продолжи уште на една година доколку тимот е задоволен од неговите услуги.

22-годишниот Најџел Хејс е крилен центар кој заради големиот распон на рацете е способен многу солидно да одговори на дефанзивните задачи и притоа може да чува играчи од неколку позиции. Негова силна страна во офанзивата е тоа што има прецизен шут од линијата за три поени а тоа го прави совршен за модерниот стил на игра во НБА кој е наметнат последните неколку години.

Единствена грижа околу Хејс е неговата физичка подготвеност. Доколку тој успее да остане здрав и да избегне повреди, ќе биде од голема помош за тимот на Њу Јорк Никс.

 

Последната година во колеџ Најџел Хејс имаше просек од 14 поени, 6 скокови и 2.7 асистенции.