Барселона и Басконија конечно се договорија за Адам Ханга


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

По цел месец исполнет со исцрпни преговори помеѓу Басконија и Барселона, унгарецот конечно е нов играч на Барселона.

 

Тимовите на Басконија и Барселона се договорија за трансферот на унгарскиот репрезентативец Адам Ханга и тој почнувајќи од денеска е нов член на каталонскиот тим.

Барселона го откупи неговиот договор, но барем засега цената на трансферот останува непозната. Ханга потпиша тригодишен договор вреден вкупно 7.5 милиони со тимот на Барселона откако каталонците беа заинтересирани за неговите услуги уште од минатото лето.

 

28-годишниот Адам Ханга беше драфтуван во НБА драфтот како 59-ти пик од тимот на Сан Антонио Спарс, но сѐ уште нема настапувано во НБА лигата.