Реал Бетис се засили со поранешен НБА играч


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

26-годишниот Самардо Семјуелс е нов играч на шпанскиот прволигаш Реал Бетис.

 

Семјуелс се враќа во шпанската лига по кратката авантура во Кина, каде што беше член на тимот на Џиангсу Драгонс.

Се работи за играч кој може да игра на позициите центар и крилен центар, а е посебно добар скокач. Шпанската лига не му е непозната ако се земе во предвид дека во сезоната 2015/2016 беше член на Барселона.

 

Самардо Семјуелс се навикна да менува тимови и досега беше кошаркар на Кливленд Кавалирс, Хапоел Ерусалим, Олимпија Милано и Бириндиси.