Фудбалер на Интер денеска ја засилува Валенсија ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 



Дефанзивецот на Миланскиот Интер, Џејсон Муриљо најверојатно ќе му се приклучи на тимот на Валенсија за сума од 13 милиони евра.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Муриљо е веќе во Шпанија и треба денеска да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на долгогодишен договор со Валенсија.

Колумбискиот репрезентативец му се приклучи на Интер од Гранада, во 2015 година, но тој не се снајде најдобро во италијанскиот тим.