Продолжува „војната“ меѓу фановите на Легија и УЕФА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Војната на релација Легија и УЕФА продолжува и по вчерашниот натпревар. Навивачите на тимот од Варшава на мечот против Шериф Тираспол уште еднаш пратија отровни стрели кон челниците на европската куќа на фудбалот.

Минатиот месец навивачите на Легија ја означија 73 годишнината од Варшавксата Револуција истакнувајќи нацистички војник како држи пушка во глава на мало дете. Поради тоа тимот заработи казна од 35.000 евра.

Револтирани од тој однос навивачите на Легија уште еднаш беа брутални кон челниците на УЕФА.

Организацијата е претставена како свиња која од сад извлекува среќни добитници, а во садот го има само грбот на Легија. Под тоа има порака „а казната од 35 илјади оди во…“.

Едно е сигурно, Легија Варшава повторно ќе биде драстично казнета….