Манчестер Сити е спремен да плати 25 милиони за фудбалерот на ВБА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Иако менаџерот на Вест Бромвич Албион, Тони Пјулис верува дека понуда од 25 милиони од Манчестер Сити за неговиот капитен, Џони Еванс би била „луда“, граѓаните се спремни во совите редови да го доведат искусниот централен дефанзивец.

ВБА ја одби правата понуда од 18 милиони на Манчестер Сити, а медиумите навеуваат дека тимот на Пеп Гуардиола ќе се врати со нова и подобрена понуда за играчот на ВБА.

Менаџерот на ВБА, Тони Пјулис смета дека клубот ќе успее да го задржи својот најдобар играч без разлика на интересот од Манчестер Сити.

„Сите фудбалери си имаат цена, но нашиот капитен не е на продажба“ – заврши Тони Пјулис.