Официјално: Матуиди се пресели во Јувентус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот интернационалец Блаз Матуиди потпиша тригодишен договор со тимот на Јувентус.

Од клубот потврдија дека Матуиди ќе остане во Торино до 30 јуни, 2020 година.

Французинот имаше успешна авантура во редовите на Пари Сен Жермен освојувајќи четири титули шампион на Франција, пет титули во Супер Купот, четири трофеи во Лига купот, а трипати со ПСЖ го освоил и Францускиот куп.

30 годишниот Матуиди во Јувентус ќе го носи дресот со број 14 и треба да претставува големо засилување во средниот ред за претстојната сезона.