Валенсија со две екстра засилувања во еден ден


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од таборот на Валенсија ги потврдија трансферите на Габриел Паулиста од Арсенал и на Џеисон Муриљо од редовите на Интер.

Габриел се враќа во шпанската лига откако пред две години направи трансфер во Арсенал од редовите на Вилјареал, а со Валенсија потпиша петгодишен договор.

Во договорот на Паулиста има неверојатна откупна клаузула од 80 милиони евра.

Покрај Паулсита на „Местаља“ пристигна уште еден играч од дефанзивата. Се работи за Џеисон Муриљо кој со клубот потпиша како отстапен фудбалер од Интер во следните две сезони.