Новите засилувања се покажаа, Баерн победнички ја отвори сезоната (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Баерн Минхен забележа победа на стартот од новата сезона во Бундеслигата откако со 3:1 славеше против Баер Леверкузен.

Стрелци за актуелниот шампион на Германија беа Николас Суле, Корентин Толисо и Роберт Левандовски, додека поразот на гостите го ублажи Адмир Мехмеди.

Натпреварот го обележа и силно невреме поради кое почетокот на второто полувреме малку доцнеше.

Баерн до водство дојде во деветтата минута кога Себастијан Руди изведе слободен удар, а Суле одлично скокна и со глава ја смести топката во мрежата. Ова е дебитантски гол за Суле во новиот дрес.

За нов гол се чекаше само десет минути. Артуро Видал упати одличен центаршут а топката во мрежата на „Фармацевтите“ ја смести уште едно ново засилување за Баерн, Толисо.

Последниот гол за Баерн Минхен го постигна Роберт Левандовски кој беше прецизен од белата точка по фаулот на Арангиза во својот шеснаесетник.

Адмир Мехмеди само го намали резултатот во 65 минута од натпреварот кога го матираше вториот голман на Баерн, Улрих.