Селтикс ќе го пензионираат дресот со број 34


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Раководството на Бостон Селтикс најави дека ќе го пензионира дресот со број 34 кој му припаѓаше на Пол Пирс.

 

Официјалното пензионирање на дресот со број 34 ќе биде на 11 февруари 2018, кога Бостон Селтикс ќе играат против Кливленд Кавалирс. Пол Пирс ќе биде 22-от играч чиј број ќе биде пензиониран од тимот на Селтикси.

39-годишниот Пирс е лидер во историјата на Селтикси во погодени слободни фрлања, погодени тројки, украдени топки а притоа е и втор на вечната листа на стрелци во Бостон.

 

Пол Пирс официјално ја заврши кариерата минатиот месец, кога потпиша еднодневен договор со Бостон Селтикс откако целата сезона ја помина како играч на Лос Анџелес Клиперс.