Соиграчот на Алиоски пред трансфер во Премиер Лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крис Вуд од Лидс Јунајтед е пред трансфер во редовите на Барнли за сума од 15 милиони фунти.

Интернационалецот од Нов Зеланд минатата сезона постигна 27 погодоци во дресот на Лидс Јунајтед, а еднаш во листата на стрелците се запиша и оваа сезона. Тогаш асистент на погодокот беше токму Алиоски.

Како што дознава „Скај Спортс“  Вудс утре ќе ги има медицинските прегледи пред официјално да премине на „Турф Мур“.