Бундес Лига: Доминантна претстава на Дортмунд, кошмарен старт за Мајнц


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Првото коло од Бундес Лигата донесе перфектен старт за Питер Бош како нов тренер на Борусија Дортмунд, но и разочарување за Мајнц откако тие изгубија на домашен терен од новајлијата Хановер.

 

Фудбалерите на Борусија Дортмунд им пружија голема радост на своите навивачи со победата на гостински терен над тимот на Волфсбург. Во првото полувреме Пулишиќ и Бартра ја затресоа мрежата на домашниот тим, за во второто полувреме Пјер Емерик Аубамејанг да го запечати резултатот на конечни 0:3 за Борусија Дортмунд.

Мајнц пак ја отвори сезоната со пораз на домашен терен од новиот прволигаш Хановер. Мартин Харник беше единствениот стрелец на овој меч кој заврши со резултат 0:1 за Хановер.

Останати резултати од мечовите кои се играа од 15:30 часот:

Хофенхајм 1:0 Вердер Бремен

Херта Берлин 2:0 Штутгарт

Хамбургер 1:0 Аугсбург