Уште едно разочарувачко гостување на Арсенал кај Стоук


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Тимот на Арсенал имаше уште едно разочарувачко гостување кај тимот на Стоук, откако загуби со минимални 1:0.

 

Како и години наназад, стадионот на Стоук уште еднаш се покажа како ноќна мора за фудбалерите на Арсенал. Овојпат им “пресуди” поранешниот играч на Реал Мадрид, Хесе Родригез, кој по еден добро организиран контра-напад успеа да го совлада Петр Чех и да го постигне единствениот гол на овој натпревар.

За волја на вистината, фудбалерите на Арсенал креираа шанси и дури неколкупати имаше сомнителни ситуации во шеснаесетникот на Стоук, но судијата Маринер не се реши да покаже на белата точка.

 

Домот на Стоук Сити, bet365 Arena останува кошмар за Арсенал и традиционално е едно од најтешките гостувања кои ги има лондонскиот тим.