Недисциплинираниот Брозовиќ понуден на Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Марсело Брозовиќ повторно се враќа на радарот на Арсенал, откако Интер се обидува да го продаде и да заработи од играчот за кого нема место во ротацијата на Спалети.

„Неразурите“ го обновија составот оваа сезона со доаѓањето на Валеро, Вечино и кансело, па така Спалети оваа есен нема да смета на услугите на Брозовиќ.

Како пишува „спортиталија“ играчот од средниот ред бил понуден на Арсенал, а Интер се надева дека англискиот тим ќе плати 20 милиони за фудбалерот.

Хрватскиот играч има 24-години и сеуште може да напредува, но како што пишуваат италијанските медиуми тој е непожелен на „Џузепе Меаца“ поради тоа што покажал недисциплина.

Минатата сезона Марсело Брозовиќ постигна шест гола и имаше четири асистенции во 28 натпревари за Интер.