Папу: Аталанта не се плаши од Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Тренерот на Аталанта, Александро Папу изјави дека неговиот тим ќе им се спротистави на играчите на Рома без страв, оваа вечер во натпреварот од првото коло во Италијанската Серија А.

„Ги продадоа своите најобри фудбалери, Салах и Рудигер, не тие сеуште се во врвот на Италијанскиот фудбал.“

„Ќе се соочиме со нив без страв и притисок, но со огормен респект.“ – изјави тренерот и додаде:

„Спиназола нема да настапи вечер, тој не тренира со клубот, бидејќи сака трансфер во Јувентус.“

„Како што стојат работите мислам дека тој ќе си замине, ако не е среќен овде, тогаш нема што да бара во нашиот тим.“

Аталанта минатата сезона го освои четвртото место во најсилната италијанска лига и ќе настапува во Европа Лигата оваа есен.