ОФИЦИЈАЛНО: Басконија го потпиша поранешниот НБА шампион


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Џордан МекРеј е нов играч на шпанска Басконија, најави клубот денеска. Од играчот се очекува да биде главната напаѓачка закана во новата сезона.

 

26-годишниот МекРеј игра на позицијата бек-шутер и е одличен шутер. Тој во минатите две сезони беше дел од составот на Кливленд Кавалирс, со кој има и шампионска титула од сезоната 2015/2016. Во својата кариера има играно уште за Феникс Санс.

Ова е прва авантура на Џордан МекРеј во Европа, а во новата сезона од него ќе се очекува да биде еден од главните играчи на Басконија откако тимот го напушти унгарецот Адам Ханга.