Може ли лошoто да стане полошо за Барселона: Лео Меси сака да го напушти клубот…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Проблемите во Барселона немаат крај. Го загубија Нејмар, кој замина во ПСЖ, доживеаја тежок пораз од Реал Мадрид во натпреварите од шпанскиот Супер Куп, а новостите кои денес пристигнуваат од шпанија не се ниту најмалку добри ниту за фановите на Барса, ниту за самиот клуб, бидејќи Лео Меси планира за евентуален трансфер во Манчестер Сити, кај Пеп Гуардиола.

Лионел Меси требаше да потпише милионски договор со Барселона на пет години, но иако се беше договроено тој договорот сеуште го нема потпишано, а шпанските медиуми шпекулираат дека и аргентинецот е на излезните врати од „камп Ноу“.

Како што пренесува „Јаху Франс“ има само еден тим кој може да ја плати клаузлата на Лео Меси, а тоа е Манчестер Сити, каде што моментално тренерува Пеп Гуардиола кој освои се што можеше да посака во шпанскиот гигант Барселона во годините што изминаа, а дали во ова има вистина и дали Меси ќе им сврте грб на Барселона, останува да видиме