ЕСПН: Пеп не се откажува од Санчез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Сити се подготвени уште еднаш да го тестираат Арсенал со нова, побогата понуда за нивниот најдобар играч, Алексис Санчез.

Како што пренесува ЕСПН, „Граѓаните“ овој пат ќе понудат 70 милиони фунти за услугите на чилеанскиот репрезентативец.

Санчез има уште една година од важечкиот договор со Арсенал, а од клубот веќе му го имаат подготвено новиот договор со кој ќе заработува 300.000 фунти неделна плата.

Според медиумот пресуден за трансфер на Санчез на „Етихад“ ќе биде Пеп Гвардиола кој му беше тренер на Чилеанецот во редовите на Барселона.