Уште еден голем пех за Србија, Теодосиќ не патува на Евробаскетот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По низата големи удари, кошаркарската репрезентација на Србија се чини го доживеа најголемиот. Денес е потврдено дека нивниот најдобар кошаркар и лидер на репрезентацијата, Милош Теодосиќ нема да игра на претстојното Европско првенство во Турција.

По откажувањата на Никола Јокиќ, Немања Бјелица, Стефан Марковиќ, Мирослав Радуљица и Марко Симоновиќ, селекторот Александар Ѓорѓевиќ остана и без фантастичниот плејмејкер, Теодосиќ.

Хроничната повреда на листот поради која ги пропушти подготовките и сите пријателски натпревари не може да биде залечена до почетокот на натпреварувањето во Турција, па Ѓорѓевиќ и Теодосиќ по консултација со медицинските тимови на репрезентацијата на Србија и ЛА Клиперс дошле до оваа одлука.

„За жал повредата која го мачи Тео не му дозволува да биде максимално подготвен до Европското првенство. Тоа е проценка на нашиот медицински тим, но и на луѓето од Клиперс. Мора да водиме сметка за здравјето на играчот и заеднички донесовме одлука Теодосиќ да го прескокне претстојното натпреварување“-изјави селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ.