Милан со победа ја отвори новата сезона во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Милан го победи тимот на Кротоне во првото коло од новата сезона во Серија А со конечен резултат 0:3.

 

Во меч кој фудбалерите на Милан доминираа во сите статистички категории, Кротоне загуби на домашен терен од новиот, реновиран тим на Милан.

Резултатот го отвори Франк Кеси од белата точка уште во шестата минута, откако судијата побара помош од видео-асистентот за да донесе конечна одлука дека ќе досуди пенал и притоа го исклучи Кечерини, кој го направи пеналот.

Фуриозната игра на составот на Милан доведе до уште два брзи гола. Најпрво Сусо му асистираше на Кутроне а потоа и Кутроне му се оддолжи со асистенција на Сусо за да се отиде на полувреме со резултат од 0:3.

Второто полувреме донесе далеку помалку атрактивна игра и Милан само го приведе мечот при крај. Кротоне беше немоќен со 10 играчи да дојде барем до утешителен гол, па така на крајот на семафорот стоеше резултатот 0:3 за тимот на Милан.

 

Голем дел од новите засилувања на Милан беа дел од овој натпревар од кои Франк Кеси и Леонардо Бонучи посебно импресионираа.