Реал дели лекции и без Роналдо, Барселона и ослабена лесно против Бетис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид триумфално ја започнаа одбраната на титулата во Шпанија откако со 3:0 славеа над Депортиво Ла Куруња на гостувањето на „Риазор“.

Избраниците на Зинедин Зидан без проблем излегоа на крај со евидентно послабиот противник и без суспендираниот Кристијано Роналдо кој го одлежа вториот натпревар од суспензијата од пет натпревари.

Герет Бејл го отвори резултатот на средината на првото полувреме, додека на 2:0 зголеми Касемиро во 27 минута. По одличната акција на Иско и Бејл точка на натпреварот стави Тони Крос. Во самиот финиш Кејлор Навас успеа да одбрани и удар од 11 метри.

Нешто порано од  Реал Мадрид победа запиша и екипата на Барселона која беше ослабена за натпреварот против Бетис.

Во емотивниот натпревар на „Камп Ноу“ кој беше посветен на жртвите од неодамнешниот терористички напад во Барселона, момците предводени од Лео Меси славеа сигурен триумф со 2:0.

На сите играчи од домашниот тим на грбовите наместо имињата им пишуваше Барселона, а покрај грбот имаше напишано „Сите ние сме Барселона“.

Избраниците на Валверде без повредените Иниеста и Суарез без поголем проблем го совладаа гостинскиот тим со головите на Тоска кој си постигна автогол и Серхи Роберто.