Ангеловски го објави списокот на фудбалери за Израел и Албанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски денес го објави списокот за квалификациските натпревари против Израел и Албанија.

Нашата репрезентација најпрво ќе гостува кај Израел на втори септември, додека пак три дена подоцна во Струмица ќе ја пречека репрезентацијата на Албанија.

Ангеловски повика 23 фудбалери, а меѓу имињата има неколку изненадувања. Во одбраната ги нема стандардниот во АЕК Ларнака, Даниел Мојсов, како и заменик капитенот, Ванче Шиков, како и фудбалерот на Риека, Леонард Жута.

Прв пат повикан во националниот тим е и голманот на младинскиот тим на Арсенал, Дејан Илиев.