Маркисио е незадоволен во Јувентус: Милан тргнува во акција ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

По италијанските медиуми, денес главна тема е фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркисио кој е незадоволен со статусот во својот клуб, па својот револт го искажа јавно.

Од Јувентус сметаат дека Клаудио Маркисио повеќе не е корисен за тимот па сакаат да направат размена со Милан околу можна размена на играчи, каде што во Јувентус би заминале, Бонавентура и Локатели, а во Милан Маркисио, пренесуваат италјанските медиуми.

Мануел Локатели е на трансфер желбите на Јувентус веќе подолго време, тој се споменуваше дека ќе биде разменете помеѓу овие два клуба во трансферот на Бонучи, но до тоа не дојде.

Раководството на „Росоњерите“ е спремно да преговара за играчот на Јувентус, но тешко дека ќе се откажат од услугите на Локатели.