Итало: Вардар е одличен тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новото засилување за Вардар, Хосе Итало Олвиеира Дос Сантос имаше одлично деби во „црвено црниот“ дрес кое го зачини со погодок.

Бразилецот го постигна третиот гол во убедливиот триумф на Вардар над прилепска Победа.

Во интервју за клупскиот сајт Итало ги посочи своите први импресии и впечатоци по пристигнувањето во нашиот шампион.

„Од првите денови заклучив дека станува збор за одличен тим. Во Вардар има одлични момци, вистински професионалци. Се е во ред, освен што не разбирав ништо што зборуваат, но имам одличен преведувач во тимот кој што ми помогна многу да се адаптирам. Тоа е мојот сонародник Фелипе.

Тоа беше одличен натпревар за нашиот тим. Игравме одлично и што е најважно успавме да победиме. Секако дека сум среќен за моето деби во тимот на Вардар. Нема подобро нешто од тоа кога ќе се постигне гол на првиот натпревар, на деби. Но, за мене уште поважна е победата на тимот и освоените бодови на овој натпревар. Сега ни следува реваншот со Фенербахче на кој што нормално посакувам да се избориме за резултат кој што ќе не однесе во следната фаза во групите од Лигата на Европа. Сега сме максимално фокусирани кон тој натпревар“- коментираше Итало.

Тимот на Вардар е пред најголемиот предизвик во историјата. Во четврток избраниците на Чеде Јаневски го играат возвратниот натпревар од плеј-офот од Лигата на Европа против Фенербахче, а Итало подготвен ќе очекува шанса уште еднаш да се докаже пред новиот тренер.