Официјално: Валенсија го позјами Кондогбиа од Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Валенсија денес го комплетираше ангажманот на фудаблерот на Интер, Џофри Кондогбиа кој нареанта сезона ќе ја помине во Шпанската Ла Лига, но интересно е што во договорот кој го склучиле двете страни, Валенсија има опција на крајот од сезоната да го откупи Кондогбиа.

Договорот беше потврден на официјалната веб-страна на Валенсија, каде што е објавено дека ако играчот се покаже во добро светло, Валенсија на крајот од сезоната ќе го откупи за 25 милиони евра.

Интер играчот го купи од Монако во 2015 година за сума од 31 милиони евра.

Кондогбиа за тимот од Милано настапи на 56 натпревари.

Двата клуба направија една трампа каде во Интер замина Жоао Кансело, а во спротивен правец Кондогбиа.