ОФИЦИЈАЛНО: Довчерашниот соиграч на Алиоски се пресели во Премиер Лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Барнли го потпиша доскорешниот напаѓач на Лидс, Крис Вуд за рекорден трансфер за клубот кој изнесува 15 милиони фунти.

 

25-годишникот постигна 44 гола на 88 натпревари за тимот на Лидс Јунајтед откако се пресели таму од Лестер во летото 2015 година.

Новозеландскиот напаѓач веќе подолго време беше на мета на премиерлигашки клубови и конечно го направи долгоочекуваниот трансфер во најсилната англиска лига. Со тоа тој го напушта нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој пак ова лето пристигна во тимот на Лидс.

 

Претходната рекордна сума која Барнли ја плати за играч беше 13 милиони за Роби Брејди, кој во јануари оваа година го засили тимот.