ВИДЕО: Харден и Пол уште еднаш покажаа зошто сите тимови се плашат од овој тандем


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Џејмс Харден и Крис Пол се двајца од најдобрите играчи во НБА лигата а летово тие станаа соиграчи во тимот на Хјустон Рокетс. Во текот на припремите континуирано им покажуваат на сите тимови зошто треба да се плашат од ова дуо во претстојната сезона.

 

Уште еднаш, како и неколкупати претходно, Харден и Пол беа дел од ултра-атрактивна акција која заврши со кош за нивниот тим. Харден му асистираше на Пол за цепелин кој ги одзема здивовите на сите присутни во салата.

Хјустон Рокетс се едни од фаворитите за шампионската титула во наредната сезона а Харден и Пол само покажуваат зошто е тоа случајот.