Официјално: Барди дебитира во Ла Лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди комплетно ја залечи повредата и се најде во стартниот состав за натпреварот кој Леванте го игра против Виљареал во рамките од првото коло од шпанската Ла Лига.

Барди имаше извонредни претсезонски натпревари и се очекува така да продолжи и во шампионатот на Шпанија.

Токму против тимот Виљареал, Барди погоди во подготвителните натпревари. Да се надеваме дека истото ќе го стори и сега во натпревар од многу поголемо значење од тој од пред околу еден месец.