Мбапе се сели во ПСЖ како позајмен фудбалер, Монако добива екстра играч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува Скај Спортс, ПСЖ најпрво ќе се обиде да го добие Килијан Мбапе на позајмица, а во договорот за трансферот ќе го вклучи и Лукас Мура кој треба да се пресели на „Луи Втори“.

Првичниот договор за позајмица ќе вклучува и задолжителен перманентен трансфер следното лето. Од ПСЖ се одлучиле на ваков потег за да ги запазат правилата на УЕФА за финансискиот фер плеј.

Според некои информации од Пари Сен Жермен биле заинтересирани и за услугите на Фабињо. Целосната сума што ПСЖ би ја платила на Монако за Мбапе и Фабињо би изнесувала околу 200 милиони фунти.