Најдобриот пријател на Леброн Џејмс е нов агент на Нерленс Ноел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Перспективниот центар Нерленс Ноел сѐ уште е слободен агент и во потрагата по договор со некој од НБА тимовите тој го најми најпознатиот спортски агент, Рич Пол, кој би му помогнал околу преговорите.

 

Нерленс Ноел минатата сезона играше за тимот на Далас Маверикс и токму Далас е “најзагреан” да го врати центарот во своите редови. Но, засега нема конкретна понуда која би ги задоволила финансиските побарувања на Ноел.

Затоа тој го отпушти досегашниот агент и го најми Рич Пол, најдобриот другар на Леброн Џејмс, за свој нов агент. Пол е познат по тоа дека има одлични контакти со сите тимови и на играчите кои се наоѓаат под негово претставништво им обезбедува одлични договори.

 

И покрај овој потег мала е веројатноста дека Нерленс Ноел би завршил во некој друг тим освен Маверикс затоа што тимот од Далас има опција да ја израмни секоја понуда која ќе му биде дадена.