Официјано: Никола Калиниќ конечно во Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, Никола Калиниќ конечно , по долги преговори потпиша договор со тимот на Милан.

Калиниќ на „Сан Сиро“ доаѓа од Фиорентина каде од 2015 година на 84 натпревари постигна 33 гола, а запиша и 11 асистенции. Првата година напаѓачот ќе ја помине како позајмен фудбалер, а од следната ќе следи задолжителен откуп на неговиот договор.

Фиорентина за позајмицата ќе добие пет милиони евра, а потоа во јуни 2018 година ќе ги добие дополнителните 20 милиони евра за дефинитивен откуп на неговиот договор.

29 годишниот фудбалер во редовите на Росонерите ќе заработува по три милиони евра по сезона.