Јувентус го моли Лиштајнер да остане уште една сезона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

 

Квадво Асамоа е пред потпис со Галатасарај, па затоа од Јувентус го замолиле Стефан Лиштајнер да остане во клубот.

Двата десни бекови беа поврзувани со заминување од италијанскиот шампион, но трансферот на Асамоа се одложуваше поради ситуацијата со Спиназола.

Јувентус сака да го врати од позајмица, но Аталанта нема да го пушти се додека не најде соодветна замена за него.

Како што пренесува Кориере Дело СПорт, ДИего Лаксалт од Џенова ќе биде новото име во Аталанта, па така Спиназола ќе може да премине во Јуве, а Асамоа ќе биде пуштен во Галатасарај за сума од 8 милиони евра.

Италијанскиот весник пишува дека покрај Спиназола, „Старата Дама“, сака да го задржи и Стефан Лиштајнер кој веќе се договорил со Ница.

Раководството на Јуве, наводно разговарало со Лиштајнер за тој да остане уште една сезона во Јувентус и да му биде ментор на малдиот десен бек Леонардо Спиназола.