Ајверсон го одбра Леброн Џејмс во трката за МВП во 2018 (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

НБА сезоната 2000/2001 ни даде до знаење колку всушност добар играч беше Ален Ајверсон, кој во таа сезона го однесе тимот до финалето и ја освои наградата МВП на лигата. Индивидуалните награди се битен дел од кариерата на секој играч а Ален Ајверсон има свој фаворит во трката за МВП во 2018.

 

Ален Ајверсон беше запрашан од новинар на BIG3 настанот овој викенд кој би бил негов фаворит за освојување на најпрестижната индивидуална награда во кошарката.

“Секогаш може да биде Леброн. Одам со Леброн, па сите останати после него. Има толку многу добри играчи во лигата – не сакам да изразам никаква непочит према младите момци. Но сепак, има онакви играчи што се добри на краток период и потоа ќе ги снема, ама знаете, Леброн е секогаш на врвот.” – изјави Ајверсон.

 

Леброн Џејмс ќе има тешка и исцрпна сезона пред себе, знаејќи дека Голден Стејт Вориорс се повторно главни фаворити за титулата, Хјустон Рокетс се засилени со Крис Пол а Кливленд сѐ уште ја нема решено ситуацијата со Кајри Ирвинг.